Best School е докажано најзабавното место за учење странски јазици и компјутери. Училиште во кое се негуваат вистинските вредности преку науката и забавата.
Нашата мисија е да понудиме највисок стандард за компјутерска, јазична и спортска едукација во регионот на Гевгелија и сите оние кои го посетувале нашето училиште да произлезат подготвени да се соочат со предизвиците на денешницата.
Best School и КК Бест со целиот тим вклучен во оваа школа, ќе инвестира во младинците преку образованието и спортот главно поради својата општествена и социјална одговорност. Поради сето ова, а и поради многу повеќе што сакаме да постигнеме, Ве повикуваме да ни се придружите во нашата цел и заедно да ја подобриме иднината на младите во општината.
Бест Скул организира курсеви по англиски јазик за сите возрасти и за сите степени на познавање на јазикот. Оптимални услови за работа и учење преку забава со интерактивна настава во мали групи. Best School во моментот има преку 150 посетители на овие курсеви, на возраст од 5 до 55 години. Проекти во соработка со Англиски Културен Центар и други приватни училишта за англиски јазик во регионот и пошироко.
Курсеви за почетен и напреден курс по грчки јазик. Настава со предавачи – гости од други приватни училишта и од Грција. Екскурзии и посети на знаменитости во соседна Грција. Работа според литература од грчки автори за изучување на грчкиот јазик. Посета на летен камп во Грција.
Best School нуди учење на италијанскиот јазик преку забава. Курсеви за почетници. Посета на летен камп во Италија.
Изучување на францускиот јазик во неколку курсеви. Во соработка со други училишта од регионот, размена на ученици и предавачи.
Од самиот почеток, Best School се декларираше како училиште за компјутерска обука. Oд почетокот на постоењето на нашето училиште, компјутерските курсеви ги посетиле повеќе од 150 посетители. Почетните курсеви означуваат поставување на основите на користење на компјутерот, основите на оперативниот систем Windows како и Microsoft Office. Во натамошните курсеви се изучува Интернетот, слободниот софтвер како и хардверските компоненти. Во напредните курсеви се поставуваат основите на програмирањето.
Од самиот почеток, Best School се декларираше како училиште за компјутерска обука. Oд почетокот на постоењето на нашето училиште, компјутерските курсеви ги посетиле повеќе од 150 посетители. Почетните курсеви означуваат поставување на основите на користење на компјутерот, основите на оперативниот систем Windows како и Microsoft Office. Во натамошните курсеви се изучува Интернетот, слободниот софтвер како и хардверските компоненти. Во напредните курсеви се поставуваат основите на програмирањето.
КК Бест е кошаркарска школа за деца и младинци чија цел и визија е да се создаде школа во која ќе се негуваат и пренесуваат вистинските вредности за младите во Гевгелија. КК Бест е во фаза на формирање и на женска екипа која исто така ќе се натпреварува со своите врсници низ цела Македонија. Бенефициите кои се добиваат при спортување со многукратни и тоа како физички, така и психички и социјални меѓу кои и: зголемена способност за координација, концентрација, баланс и флексибилност. Сето ова значи дека се намалуваат шансите за депресија и нервоза во раните години на тинејџерството заради припадноста во еден тим, работење во група како тим, а најважно од сето ова е сепак фактот дека децата групирајќи се според возраста, се дружат и се забавуваат и надвор од тренинзите. Докажано е дека спортот има потенцијал да придонесе на општеството во целина, а посебно од аспект на организирање на ниво на општина.






