Hyundai i20

Hyundai i 20 е модел кој ја комплетира европската “i” гама во исклучително компетативен сегмент. Главната развојна идеа на i 20 беше насочена кон потполно задоволување на високите очекувања на европскиот возач, почнувајќи од дизајнот, возните својства, димензијата, сигурноста и економичноста. Развиен во Европски развоен и дизајнерски центар, Hyundai i 20 го карактеризираат сосема нови вредности. Извонредна издржливост и квалитет споени се во возбудлив дизајн со врвни одлики. Надворешниот изглед на Hyundai i 20 го следи европскиот тренд на “i” гама на возилата. Благодарејќи на раскошните димензии, интелигентен дизајн и распоредот на елементите во интеријерот, i 20 се одликува со неверојатно многу простор и ергономија на највисоко ниво. Впечатокот е надополнет со квалитетни материјали и богата опрема претставена во пет пакети.
Модерниот тренд се однесува и на вградените мотори во моделот i 20. Моторизацијата почнува со новоразвиениот бензински мотор и опфаќа 1.2 литарски мотор со 78кс и 1.4 мотор со 100 кс двата со шеснаесет вентилска технологија и дизел 1.4 CRDi мотор. Сите мотори се извонредно издржливи, сигурни и еколошки прифатливи со ниска потрошувачка на гориво и ниско ниво на CO2. Атрактивниот дизајн, голем внатрешен простор, богато опремен интериер и изразито добри мотори го позиционираат моделот Hyundai i 20 за еден од најпосакуваните и секако најсигурните автомобили во Б сегментот.